За пријателите со кои ќе остарам...

Ова е за пријателите со кои ќе остарам. Луѓето кои беа со мене уште од самиот почеток и луѓето кои докажа дека ќе бидат покрај мене до крај.

Фала ви за времињата кога бевте покрај мене кога најмногу ми требавте. Затоа што бевте несебични и ме ислушавте секогаш кога сакав да си ја олеснам душата, затоа што ме кревавте секогаш мислев дека не можам да станам.

Фала ви што секогаш бевте искрени со мене. Фала што секогаш бевте кои луѓе кои отворено ми кажуваа кога грешам, кои ме почитуваа доволно за да ме поттикнат да бидам подобра, да правам подобри работи и да мислам подобро. Фала што секогаш бевте полни со разбирање и секогаш ми дозволувавте да се искажам и да кажам што чувствувам, но истовремено сакам да ви се заблагодарам затоа што ме сакавте доволно за да ми кажете кога претерувам и што секогаш искрено ми кажувавте кога треба да се вратам назад во реалноста.

Фала што ме туркавте надвор од мојата комфорна зона и што ми помогнавте да растам. Вие сте причината поради којашто ги имам искусено сите работи кои ги имам искусено: од најразлични настани на кои ми беше срам да одам, до забавите кои сакав да ги прескокнам затоа што креветот ми се чинеше како подобар избор.  Работите никогаш не изгледаа толку страшни кога вие бевте покрај мене и вие го знаевте тоа. Го знаевте тоа и затоа секогаш бевте покрај мене, за да ме натерате да ги избришам сите изговори и за да ми покажете што пропуштам.

Фала ви што донесовте среќа во мојот живот. Фала ви што правевте да се смејам толку силно што морав да го исплукам кафето што го пиев и фала ви за сите интерни шеги и за сите монументални грешки на кои се навраќаме и за кои се газиме од смеење.

И фала ви за другиот тип на среќа што го донесовте во мојот живот, среќата која доаѓа од сознанието дека си разбран, сознанието дека постојат личности кои те разбираат на начин на кој никој не те разбира. Фала ви што сте од тие личности. Фала ви што најдовте време за да ми покажете дека не сум сама во начинот на којшто чувствувам, мислам или љубам.

Фала што вие бевте тоа што сте. Вие ме инспирирате да бидам подобра личност, ме мотивирате да правам повеќе, да гледам повеќе и да чувствувам повеќе, затоа што секогаш сте тука за да ме охрабрувате да бидам таква. Велат дека најдобриот тип на пријател е оној кој секогаш те поддржува, оној кој секогаш ти го открива твојот потенцијал и тоа е токму тоа што вие го правите. Вие сте толку позитивна сила во мојот живот и верувам дека не постојат доволно зборови на овој свет со кој можам да опишам колку ми значите.

Фала ви што ме избравте. Вие не сте само пријатели за мене, вие сте сродни души, тип на луѓе кои го менуваат животот на човекот и кои прават се да изгледа и да биде многу подобро.