Некогаш, највеќе што правиме е допирање на дното и постојано правење неволји и проблеми за оние кои ги сакаме. Сепак, на крајот на денот, тие луѓе остануваат покрај нас и покрај многуте нешта кои несвесно и нерационално ги правиме.

Сакам да им се заблагодарам на моите пријатели за сите нешта кои ги прават за мене.

Ме сакавте кога бев најтешката личност – во тешките времиња кога ме прифативте онаква каква што сум.

Ме потсетувавте дека сум најдобрата личност – не ми дозволувавте да се чувствувам лошо. Не ми дозволивте да се дефинирам од лошите моменти, туку само од добрите моменти во мојот живот.

Постојано ми помагавте да се подобрувам – одевте со мене, низ сите тешки моменти и ми помагавте да научам. Ми помагавте да созревам. И го сакавте најдоброто кај мене.

Ме потсетувавте колку вредам – не остававте еден ден да помине без да ми кажете колку вредам, колку далеку имам стигнато и колку далеку треба да изодам, откако ќе поминат овие тешки моменти.

Ми велевте да пробам повторно – не дозволувавте да се откажам, ми велевте дека секој ден е нов ден и дека морам постојано да се трудам.