За половина час ограбени две аптеки: Во Чаир и Топанско Поле

На 12.11.2019 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на ул.„Ќемал Сејфула” едно лице со закана од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.11.2019 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на ул.„Методија Митевски” две лица со закана од вработената одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.