За половина час од Скопје кон грчката граница: Наскоро готов автопатот Демир Капија – Смоквица

Финишира изградбата на еден од најголемите инфраструктурни проекти во поновата историја на Република Македонија. 

Наскоро автопатот Демир Капија – Смоквица ќе биде готов, најави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски на својата фејcбук страна.

Изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица е во должина од 28, 2 километри, а инвестицијата е 217 милиони евра. Средствата се обезбедени од Буџетот на Р. Македонија и ИПА.

Целата траса е комплетно асфалтирана. Автопатот е граден со 6 ленти, односно по 3 ленти на двете страни. Има вкупно 6 мостови, 2 тунели, еден мониторинг центар за контрола и безбедност во сообраќајот.

Ова претставува нов автопат изграден по сите меѓународни стандарди. Со изградбата на овој дел, целосно ќе се заокружи Коридотот 10 на ниво на автопат.

Останатите автопати кои се во изградба се Миладиновци – Штип, во должина од 47 километри, а вкупната инвестиција е 206 милиони евра. Кичево – Охрид е во должина од 57 километри, а вредноста е 374 милиони евра. Делницата Смоквица – Гевгелија е во завршна фаза, во должина од 10 километри , а вредност на инвестицијата е 4, 2 милиони евра. Делницата Неготино – Демир Капија е во фаза на реконструкција, во должина од 8,8 километри, а вредноста е 4, 9 милиони евра. Делницата Куманово- Миладиновце во завршна фаза, во должина од 23 километри , вредноста е 5, 1 милион евра.

Автопати што ќе почнат да се реконструираат се Миладиновци- Куманово во должина од 22 километри, 7, 8 милиони евра. Велес – Градско , должина 20 километри , проценета вредност 1 милион евра .

Автопати кои се во фаза на проектирање се Гостивар – Кичево, во должина од 42 километри и Скопје Блаце во должина од 13 километри.