За полесна комуникација со граѓаните Стевчо Јакимовски пушти во употреба своја мобилна апликација

Со цел да комуницира непосредно со своите граѓани, Стевчо Јакимовски е првиот политичар во Република Македонија кој пушти во употреба своја мобилна апликација за смарт телефони.

-Следејќи ги светските трендови, градоначалникот на Општина Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски ќе биде постојано online и преку оваа апликација за паметни уреди. Граѓаните, освен што побрзо ќе бидат запознаени со сите случувања и настани во Општина Карпош, самата апликација им нуди можност да пријават проблем на кој надлежните општински служби навремено ќе реагираат, информираат од општината.

Апликацијата може да ја најдете на Android Play Store под името Стевчо Јакимовски.