За подобра 2017 година 50% намалена месечна претплата цела година во Вип

Вип ја започнува празничната новогодишна еуфорија и воведува нови поволности за корисниците во Вип Постпејд мобилната телефонија. Почнувајќи од денеска, сите нови резидентни и бизнис корисници и сите оние кои ќе го обноват својот постоечки договор добиваат можност за 50% намалена месечна претплата и тоа за цела една година.

Оваа најнова промоција овозможува корисниците да изберат кој било од тарифните модели од понудата во Vip Mobile портфолиото и тоа со половина месечна претплата во првата година. Во зависност од избраниот тарифен модел остануваат сите досегашни бенефиции како: бесплатни разговори и СМС пораки во мрежата на големата Вип заедница, неограничени разговори кон други национални мрежи како и вклучен 4G интернет и меѓународни минути.

Сите корисници кои ќе склучат нов договор со важност од 24 месеци, добиваат можност да изберат од богатата понуда на телефонски уреди и да набават смартфон по најповолни услови.  

Празниците и празнувањето се уште повесели кога радоста ја споделуваме со најблиските. Со оваа промоција, Вип ја докажува својата посветеност кон обезбедување на најдобрата понуда за своите корисници.
За повеќе информации посетете ја веб страницата www.vip.mk