За овој викенд ви предлагаме да ја посетите Парк-шумата Гази Баба

Гази-Баба е анторпогена шума создадена во 50-тите и е извонреден пример дека човекот и природата заеднички можат да создадат прекрасни пејзажи.

Изобилува со богата флора и фауна и токму затоа е прогласена за споменик на природата. Можете да направите и историска прошетка, започувајќи од нејзиното подножје, од Црквата „Св. Архангел Михаил“ и англиските воени гробишта, преку турбето на кралската ќерка (К’з Кулеси) кое се наоѓа во близина на Природно-математичкиот факултет, па се до турбето на Гази Баба којшто бил познат поет и кадија на Скопје во XVI век.
Или пак, едноставно, може да се рекреирате на трасираните трим-патеки, во должина од 4 км.

Најдете го најдобриот поглед кон градот и потсетете се на стиховите на Конески: „Ти што ќе стоиш на Гази Баба, потомче - чуј: одовде и јас Скопје сум го гледал...“