Таа ќе ти недостига.

На почетокот, полека ќе си заминува, ти нема ни да го забележиш тоа. И покрај тоа, таа ќе гледа назад, прашувајќи се дали забележуваш дека полека ја снемува од твојот живот и надевајќи се дека ќе сфатиш. Таа бара дури и најмала причина да погледне наназад, да остане. Но, не ја боли што ќе си замине, туку тоа што ти немаш поим колку ја повредуваш.

Затоа што кога таа е покрај тебе, ти не се грижиш за неа воопшто, а дури и да се грижиш не го покажуваш тоа. Ти не си тоа што и е потребно. Ти не ја забележуваш, не одговараш на нејзините пораки и повици, ретко и покажуваш дека таа ти значи. Полека, сите нешта ќе се претвораат во тишина.

Моментот кога ќе забележиш дека ја губиш е моментот кога ќе сфатиш дека сите нешта те потсетуваат на неа. Одеднаш, ти ќе бидеш тој кој ќе бара причини да зборува со неа. Нешто добро ќе се случи и ќе сакаш да го споделиш со неа. Нешто лошо ќе се случи и ќе ти недостасува нејзината поддршка. Деновите ќе се претворат во недели и полека ќе сфатиш дека таа веќе не е тука. Ќе посакаш да ја видиш, ќе ти недостасува и ќе го чекаш денот кога ќе ја сретнеш. Во тој момент ќе сфатиш колку е силна, бидејќи сакала некој кој не може да ја сака на начинот на кој го заслужува таа тоа.

Сакаш да и пишеш, да и се јавиш, но свесен си што си направил. И, свесен си што не си направил.

Нема да знаеш колку и недостасуваш и ти на неа и нема да знаеш колку пати во текот на денот помислува на тебе. Ќе ја видиш повторно, но таа тогаш ќе држи нечија друга рака и ќе има насмевка на лицето. Ќе видиш дека љубовта која некогаш ти ја даваше тебе, таа сега ја има за некој друг. Некој кој може да и возврати на тоа.

Неа ја нема повеќе.