За оние кои се плашат да сакаат...

Кога не мислите дека сте добри за другите луѓе, ги туркате од себе. Претпоставувате дека секоја врска ќе заврши така  што ќе бидете повредени, дека нешто ќе згрешите. Мислите дека ќе им здосадите или дека ќе ги изнервирате, така што тие ќе ве остават.

Се прашувате зошто некој се однесува кон вас толку добро. Се чувствувате како да не го заслужувате тоа. Не сакате да се доближувате до луѓето, бидејќи луѓето секогаш ве разочаруваат. Тие ги зголемуваат вашите надежи, стануваат значаен дел од вашиот живот, а потоа едноставно, во еден момент решаваат да си заминат. Тие си одат брзо исто како што влегуваат во вашиот живот и не постои ништо што можете да направите за да го запрете тоа.

Затоа, не сакате ниту да почнувате. Се држите себеси настрана, изолирани од другите, велејќи си себеси дека е подобро да се сами, отколку постојано преплашени дека некој ќе си замине. Но, кога не си давате шанса да бидете оставени, не давате  ни шанса да бидете сакани и среќни. На тој начин си правите лоша услуга, мислите дека не вредите за туѓото внимание. А, многу луѓе би биле среќни да ве имаат во својот живот.

Можеби мислите дека не сте добри, но вие сте најдобрата верзија од себеси. Опуштете се. Бидете добри кон себе.