За оние кои даваат сѐ од себе, а не добиваат ништо за возврат

Не постои полошо чувство од тоа да сакаш, а личноста која ја сакаш да престане да те сака. Тоа изгледа како рана која те убива и никогаш нема да зарасне. Се чувствуваме исплашени и повредени и мислиме дека таквата болка ќе трае засекогаш.

Мислиме дека ништо не е во наша контрола, дека го правиме најдоброто а сепак за возврат го добиваме тоа што не го заслужуваме. Веројатно мислиме дека сме ги сакале толку многу и не сме заслужиле да бидеме повредени на тој начин. Се што сакаме е тие да се со нас, да нѐ сакаат онолку колку што ги сакаме и ние. Но, тоа е невозможно.

Се чувствуваме искористени – нашата љубов, поддршка и посветеност.

Времето ќе помине и иако тоа не го сфаќаме тогаш во моментот кога ни се случува, по некое време стануваме благодарни зошто некои работи се случиле онака како што се случиле. Да, се уште сме повредени, но една врата се затворила, а друга се отворила за нас.

Но, ако се чувствуваме искористено, зарем не е подобро што со време и „сме ја изгубиле“ таа личност од животот? Зошто би биле со личност која се обидува да ни наштети и да не искористи? Што е тоа по што патиме? Зарем ако љубовта била вистинска немала да потрае подолго?

Можеби не сфаќаме во моментот кога ни се случува, но со тек на време ќе сфатиме.

Нема ништо романтично и љубовно во тоа да патиме по личност која не знае да нѐ цени, на која не и е потребна нашата љубов и која мисли дека може да доаѓа и да си замине кога ќе посака. Нема ништо убаво во студени луѓе кои би не оставиле само онака.

Секоја врска е убаво искуство, но таа е и моќна лекција. Исто е и со пријателствата. Не ни се потребни пријатели кои се тука само кога ни одговара.

Не патете за некој кој не го заслужува тоа. Не дозволувајте. Бидете поголеми од тоа. Живејте го животот окружени со луѓе на кои им значите и кои никогаш не би ве пуштиле да си заминете.