"Секогаш ставајте ја сензуалноста пред сексапилноста, а кога годините ќе почнат да ве “газат”, бидете мудри и вашиот фокус насочете го кон елеганцијата и домашнитеобврски”, во една прилика рече Моника Белучи.

Според оваа нејзина девиза се водат и голем број на домашни познати дами кои се како добро вино - со годините стануваат се поатрактивни и малку е да се каже дека стареат на начин кој би го посакала секоја жена.

Лила Стојановска, Надица Горгиева, Ирена Спировска, Калиопи... се само дел од убавиците кои знаат како да се носат со годините, изгледаат одлично и се во топ форма!

Надица Горгиева

Некогашната Мис на Југославија и сопственичка на модната агенција “Моделс Ин” важи за една од најубавите жени на домашен терен. Веќе неколку години е во брак со Иво Јанковски и гордо ја гази петтата деценија од животот.

"Не се доживувам себе си како најубава жена во Македонија. Отсекогаш сум се негувала, а тоа го правам и денес. Сепак, не користам многу скапи препарати и се трудам моето лице, како и телото да ги негувам со природни креми”, вели Надица која работи и во протоколот на скопскиот аеродром “Александар Велики”.

Калиопи

Калиопи е како виното, колку постара - толку поубава. Иако неодамна заокружи половина век живот, таа изгледа неверојатно добро. Зад себе има два пропаднати брака,  а од љубовта со Ромео Грил го има синот Пако.

Лила Стојановска

Атрактивната и харизматична Лила Стојановска е дама која старее со стил! Иако неодамна наполни 46,  годините не и можат апсолутно ништо, а на енергијата што ја поседува можат да и позавидуваат и дупло помлади девојки од неа. Водителката освен што внимава на начинот на исхрана, исто така редовно и вежба, па така минимум три пати неделно тренира во теретана.

Ирена Спировска

Нејзин заштитен знак се кадриците и витката става, а освен со водителство, се има занимавано и со манекенство, но во младоста. Важи за една од најатрактивните познати дами на домашен терен, ретко зборува за приватниот живот, но затоа, пак, е дел од сите јавни случувања. За нејзиниот изглед заслужни се гените, но и физичката активност која ја практикува долги години наназад. Ужива да планинари, а друштво во освојувањето на врвовите и прави и ќерката Зорица која годинава е матурантка.

"Не пушам цигари, алкохол консумирам многу умерено, не јадам месо, сакам здрава храна и природна козметика. Поради недостиг на време не вежбам дополнително ништо, но затоа планинарењето ми помага во одржување на линијата и кондицијата”, откри Ирена.