За најдобрата другарка на светот

Овој текст нека биде за вашите најдобри другарки и пријателки, за да им кажете колку сте благословени што ги имате во својот живот.  За нив, поради луѓето кои сме денес.

Ти си мојата сигурност во овој непредвидлив свет. Ти го гледаш најдоброто во мене, дури и тогаш кога сум најлоша. Веруваш во мене кога сум безнадежна. Ми помагаш да се изградам повторно кога ќе го допрам дното.

Ти си изворот на среќа во голем број денови, а особено кога ништо не е како што треба и кога моето срце е скршено. Јас никогаш не се чувствувам осамена, имајќи те тебе покрај мене. Со тебе можам да зборувам со часови и никогаш да не ни стане досадно.  Ти не дозволуваш да се грижам премногу и иако ме оставаш да се исплачам, не дозволуваш да бидам тажна со денови.

Ти благодарам што си мојата поддршка, кога сум најслаба. Ти благодарам што ме смееш кога ќе згрешам, наместо да ми велиш дека е крај на светот. Во сите неуспеси и падови, ти ме убедуваш дека сум посилна од сето тоа.

Со тебе се е лесно. Ние не се натпреваруваме. Никогаш не можеме да останеме долго лути една на друга. Ние сме постојаноста во овој свет кој постојано се менува, полн со луѓе кои доаѓаат и си одат.  Ти си мојата најдобра пријателка на светот и бескрајно сум ти благодарна што влезе во мојот живот и го направи  посреќен.

Заедно создававме убави спомени и ги славевме своите победи. Патувавме на луди патувања  и заедно чекориме низ животот. Се охрабрувавме една со друга да ги надминеме своите стравови, ги лечевме своите скршени срца и ги бркавме своите соништа. Се убедивме себеси дека среќата е можна и дека таа доаѓа по сите лоши денови.

За вечното пријателство.