За мрачните тајни на Домот за деца “25 мај” - дали децата добро се чувани?

Дали децата добро се чувани во домот 25 мај? Зошто во полиција се пријавуваат најмалку по 5 бегства месечно? Каде потфрлаат институциите како воспитувачи на тие деца? Има ли доволно кадар кој се грижи за децата? Фалат ли пари и услови?

Дали од таму излегуваат здрави луѓе или се одгледуваат девијантни личности? Домот за деца 25 Мај секогаш е во фокус само по две работи: прво: проблеми и второ: донации од спортисти, поединци и компании.

Деновиве Македонија ја тресе скандал со девојка домот „25 Мај" која морала да абортира откако неколку пати била силувана. Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) алармираше за случајот и ги повика надлежните власти веднаш да реагираат и на оваа девојка да ѝ обезбедат соодветна медицинска грижа за да се осигурат нејзиното психолошко и физичко здравје и безбедноста, како и да се врати во нејзиното ромско семејство од кое била принудно одземена во 2012 година поради сиромаштија.

На 1 март 2017 година ЕЦПР добил информација од нејзините родители дека девојчето исчезнало од домот „25 Мај".„Одговорните лица не го пријавиле нејзиното исчезнување ниту во полиција ниту на нејзините родители.Според нејзиното сведочење, пред откриеното сексуално малтретирање, девојката била принудно земена од страна на постар маж од институцијата, кој со возило ја одвел во својот дом во друг град.Таму таа била принудена на сексуални односи и физичка работа.Успеала да избега по 30 дена и да се качи на автобус за Скопје, а полицијата ја нашла на Бит-пазар", наведуваат од организацијата.

Како што додаваат од ЕЦПР, девојчето опишало дека претходно било однесено во детски летен камп во Струга, заедно со други деца од државниот дом за згрижување.Таму непознат маж сексуално ја малтретирал пред да биде вратена назад во Скопје. Кога ги пријавила овие малтретирања кај згрижувачите од државната институција, била обвинета дека лаже и дека ги измислува настаните.

Потоа, како што се наведува во соопштението, девојката била пренесено во друга државна институција за згрижување – „Ранка Милановиќ" во Скопје, каде што открила дека останала бремена како резултат на сексуалното насилство.

МВР посочува дека девојката досега 9 пати била пријавувана за исчезната

Првпат, девојчето било пронајдено на улица пред МКЦ во Скопје во септември минатата година и било вратено во институцијата, од каде било сместено во Безбедна куќа каде се сместуваат жртви на трговија и сексуално насилство, но и оттаму заминувало на негово барање. Секогаш во изјавите во полицијата давало различни искази од тоа дека одела со свое момче, дека заедно заработувале, или пак, дека без согласност имала сексуални односи со други лица.

Од МВР велат дека девојчето од крајот на 2016 година до сега 9 пати било пријавувано за исчезнато, и во исто толку наврати МВР постапувала и го известила Јавното обвинителство.

Девојчето во 2016 година, пред да биде сместено во институцијата било во пет згрижувачки семејства, но ниту во едно од нив не се прилагодило.На нејзините родители им било одземено родителско право бидејќи ја терале да проси по улици.Тие имале и деца, кои починале како последица од конзумирање на дрога.

„ЕЦПР доби сведочења од две ромски сестри, кои исто така се штитенички на домот за згрижување деца „25 Мај", на возраст од 16 и 13 години. И тие често исчезнувале од домот за згрижување деца и на сличен начин нивните исчезнувања не биле пријавени во полиција или кај родителите. Според нивните искази, постар маж, кој се идентификувал како вработен во Центарот за социјална работа, ги земал од домот за згрижување и ги однел на старата железничка станица во Скопје, каде што врз нив извршил сексуално малтретирање.Нивната мајка го пријавила случајот во полиција и ги однела на гинеколог, кој заклучил дека девојките навистина биле жртви на сексуално насилство".

Одкако случајот го сврте вниманието на јавноста и предизвика низа реакции, Стевчо Соколовски кој досега раководеше со Заводот за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение „25 Мај" , поднесе оставка.

Комисијата што ја формираше Министерството за труд и социјала, досега утврди дека стручните служби и назначениот старател во неколку наврати ги алармирале надлежните институции за можна сексуална експлоатација на девојчето.Дополнително, ќе се истражува дали претходниот старател не постапувал.

- „Очекуваме МВР и ОЈО да преземат мерки согласно со нивната надлежност, со цел да се пронајдат и санкционираат лицата коишто ја злоупотребувале малолетната жртва.Во оваа прилика би сакале да потенцираме дека преку случајот на Р.И. се покажуваат аномалиите на разрушениот систем на социјална заштита, особено кога станува збор за деца во специфичен ризик.Евидентна е потребата од подобра координација меѓу сите институции и воспоставување систем кој вистински ќе ги заштити децата од социјален ризик", посочуваат од МТСП.

СВР Велес поднесе кривична пријава против велешанец за полов напад врз дете

СВР Велес до надлежното ОЈО Велес, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – "полов напад врз дете" (по член 188 од КЗ на РМ) поднесе кривична пријава против лицето Е.Х. (18) од Велес.

-Имено, како што претходно (16.02.2018) МВР ја информираше јавноста, по пријава од страна на ЈЗУ Општа болница Велес на 13.11.2017 година од крајот на минатата година за донесена малолетничка во безсознание, СВР Велес по доставено барање до надлежното ОЈО за писмена наредба за вршење преглед врз детето, презеде мерки и активности при што беше идентификуван сторителот Е.Х., кој што во рамки на документирањето на случајот го призна делото и потврди дека имал полов однос со малолетничката, штитеничка на ЈУ за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми, информираат од МВР.

По пријава од страна на ЈЗУ Општа болница Велес на 13.11.2017 година од крајот на минатата година за донесена малолетничка во безсознание, СВР Велес по доставено барање до надлежното ОЈО за писмена наредба за вршење преглед врз детето, презеде мерки и активности при што беше идентификуван сторителот Е.Х., кој што во рамки на документирањето на случајот го призна делото и потврди дека имал полов однос со малолетничката, штитеничка на ЈУ за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми.

Бојковска: Институциите беа летаргични, се однесуваа крајно неодговорно, непрофесионално и не постапуваа во согласност со закон

Граѓаните очекуваат одговор за тоа дали и кој ќе понесе одговорност за случајот со 13-годишното девојче, штитеник на Домот за деца „25 Мај", кое подолго време билo сексуално злоставуванo, а пред неколку дена морала и да абортира откако останала бремена од засега непознато лице.

„Во контекст на изјавите кои беа дадени од страна на Министерството за труд и социјална политика и извештајот кој го даде МВР за конкретниот случај, со оваа изјава одговорно тврдам дека институциите меѓу кои: Центарот за социјална работа, Домот „25 Мај", Министерството за труд и социјална политика и Основното јавно обвинителство беа летаргични, се однесуваа крајно неодговорно, непрофесионално и не постапуваа во согласност со закон, иако одамна беше алармирано дека станува збор за сериозни индиции кои укажуваат на повеќе сторени кривични дела врз ова малолетно девојче", посочува адвокатката Бојковска.

Во април 2017 година, додава адвокатката, биолошките родители на девојчето посочија дека нивното дете е сексуално малтретирано и злоупотребувано во повеќе наврати откако е штитеник на Домот „25 Мај", и тоа во периодот додека била исчезната од Домот. Честите исчезнувања на девојчето од Домот некогаш биле пријавувани на надлежните органи при МВР на РМ, но многу често и не било пријавувано дека девојчето е исчезнато, иако отсуството траело со денови, без никој од одговорните службени лица вработени во Домот да знае каде се наоѓа детето.

По извршено детално и сложено истражување на случајот, образложува адвокатката Бојковска, иако постоеја многу правни пречки и недоречености од процедурална природа, во својство на полномошник, адвокат на родителите на девојчето, беа преземени следните правни дејствија:

1.На ден 15.12.2016 година поднесен е и предлог за враќање на родителските права на биолошките родители на детето, кои веќе ја издржале изречената казна затвор и ги исполнуваат законските услови за враќање на нивните родителски права, но до денес судот сè уште не донел одлука по овој предлог.

2. На ден 8.5.2017 година беше поднесено барање до Центарот за социјална работа за поведување дисциплинска или судска постапка за несовесно, неодговорно и непрофесионално работење на поставениот старател на детето и на Домот за деца без родители „25 Мај". Исто така, од Центарот за социјална работа баравме да преземат и други дополнителни мерки и дејствија за заштита на детето.

3.Во врска со поднесеното барање, надлежните од Центарот за социјална работа со известување од 23.5.2017 година одговорија: „Не постои неправилно постапување од страна на поставениот старател и од страна на одговорните лица во Домот за деца без родители „25 Мај", Бутел – Скопје." Имено, лицето кое одговорило и одлучило на вака поднесеното барање до ЦСР е лично старателот на детето, социјален работник при Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје, па оттука спорна е заштитата која му се пружа на детето бидејќи токму овластениот старател на детето одбива да пружи соодветна грижа и совесно да ја врши својата службена должност.

4.Со цел да се заштити најдобриот интерес на детето, поради сите правни пречки кои постојат, со оглед на конфликтната ситуација и судирот на институционални интереси/ингеренции, биолошките родители на детето преку адвокат поднесоа и кривична пријава до Основното јавно обвинителство на ден 1.8.2017 година, против старателот и против Домот „25 Мај", а надлежен јавен обвинител за случајот е Е. Н. По точно 6 месеци од поднесувањето на кривичната пријава одговор за некакви преземени дејствија од страна на Обвинителството нема.

5. На ден 17.1.2018 година е поднесена и граѓанска тужба за утврдување на дискриминација по основ на етничка припадност против МТСП, Центарот за социјална работа и против Домот „25 Мај".

6. Во ноември 2017 година детето е префрлено и сместено во Домот за деца ЈУ завод за згрижување, воспитание и образование на деца и младинци „Ранка Милановиќ", Скопје. Во периодот додека детето е сместено во „Ранка Милановиќ", повторно исчезнува, а по нејзиното враќање е констатирана бременост поради сексуалното злоупотребување на кое било изложено додека отсуствувало од Домот.

УЖАСОТ ПРОДОЛЖУВА: Уште две малолетнички од „25 Мај" се бремени

Само неколку дена по скандалот со сексуално злоставување на 13-годишно ромско девојче, штитеничка на државната институција за згрижување деца „25 Мај" во Скопје, уште две малолетнички од овој дом останале бремени.

Ова го потврдија и од Министерството за труд и социјала, но посочија дека во последните два случаи не се работи за злоставување, како претходниот, штитеничките биле своеволно во врска со штитеници од домот.

Едното девојче, кое одлучи да ја прекине бременоста, има 15 години.За тоа е информирана нејзината мајка, и таа во моментот е кај неа.Другото девојче има 17 години и реши да не абортира.Таа кога ќе се породи веќе ќе има 18 години и во моментот е кај својот татко, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Во моментот, министертвото има пратено инспекција во домот „25 Мај" да го истражува случајот со злоставувањето на 13 годишното девојче, кое пред неколку дена мораше да абортира.

Змијанац: „25 Мај" е регрутен центар за малолетничка проституција

Драги Змијанац, претседател на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ, домот „25 Мај", во дебатна емисија на Тв Телма, го нарече регрутен центар за малолетничка проституција што трае со години.

Според него недостига кривична одговорност, а Јавниот обвинител не треба да чека дојава за да поктене постапка.Исто така и народниот правобранител треба да ги преземе поструктурирано работите, а не само да алармира туку и да преземе кривично гонење.

Тоа што се споени „Ранка Милановиќ" и „25 Мај" е дефект. Од една страна имаме деца со проблематично однесување, од друга, деца со воспитно социјално проблеми.Јас не ги аманестирам од лична одговорност министерката, директорот на Центарот за социјални рааботи, директорот на домот. Сосотојабата во „25 мај" се сучува во континуитет, односно подведување на децата од вработените, проституција... И се' додека нема одговорност ова ќе се повтрорува, посочи Змијанац.(A.M.)