За момчето коешто ме освои на прв поглед...

Драги,

Уште од мигот кога те здогледав, знаев дека ти ќе го промениш мојот живот. Без оглед дали те запознав за едно годишно време или за  цел живот, знам дека во мојот живот влезе со причина.

Не можам, а да не го имам ова чувство на благодарност кое го имам секогаш кога ќе помислам на тоа дека влезе во мојот живот. Кога сум со тебе, верувам дека се е возможно. Ти правиш да сакам да бидам најдобра верзија од себеси. Откако сум со тебе, фокусирањето на позитивните работи е најлесната работа на светот. Откако сум со тебе, сфатив зошто никогаш не ми успеа со другите, но сфатив и дека секогаш сакам да бидам покрај тебе.

Никогаш не ни помислував дека некој може да биде мојата друга половина, се додека не те запознав тебе. Твојата искрена душа досега не ме разочарала. Има причина поради која не можам да престанам да се насмевнувам, а тоа е затоа што ти ме правиш среќна. Ти ми даваш толку многу надеж во животот. Јас секогаш ќе бидам тука за тебе и знам дека и ти секогаш ќе бидеш тука за мене.  Знам дека го чувствуваш тоа во твоето срце, исто како и јас.

Ти си една од омилените личности во мојот живот. Ти ја знаеш вистинската јас, а сепак немаш кажано збогум. Ти си личноста со која сакам да се будам и човекот кој сакам да го бакнувам за добра ноќ. Кога прв пат ми се обрати и ми кажа „Здраво“, не можев да си поверувам на очите.

Не мислев дека е возможно човек да сака некого волку многу. Мојата љубов за тебе расте секој ден. Нашата љубов станува се посилна. Без оглед на тоа колку долго нема да се видиме, работите не се менуваат. Јас секогаш сум воодушевена од твоите љубезни зборови и твојата сочувствителност.

Најбезбедно се чувствувам кога сум во твојата прегратка. Едно од моите омилени места е кога сум до тебе. Знам дека таквите како тебе се многу ретки бисери кои ретко се наоѓаат во животот. И никогаш нема да те земам здраво за готово. Ти секогаш ќе бидеш ВИСТИНСКИОТ.

Како што проаѓа времето, сфаќам дека секој поминат ден со тебе не може да биде залудно потрошен ден. Секој ден е уникатен и полн со љубов. Не постои сомнеж дека ти си мојот човек и дека тоа секогаш ќе биде така. Секогаш ќе те сакам онаков каков што си.

Ти си дефинитивно моето омилено „Здраво“ и моето најтешко „Збогум“.