За момчето кое ме лажеше...

„Ти не ја сакаше. Ти само не сакаш да бидеш сам. Или можеби таа беше добра за твоето его. Или можеби таа правеше да се почувствуваш подобро во врска со твојот мизерен живот, но ти не ја сакаше. Затоа што човек не ги уништува луѓето кои ги сака.“

Ти најдобро знаеше колку ми е тешко да им верувам на луѓето. Знаеше дека претходно ме повредувале, знаеше за секојдневните предизвици со кои се соочував и за сите мисли кои ми се вртеа низ глава.

Сепак, реши да ме лажеш.

Со тоа што ме лажеше, ти ми докажа дека јас не бев доволно добра за вистината, без да ми го кажеш тоа. Те пуштив во мојот свет и верував дека моето срце е безбедно кај тебе, а ти ми возврати со тоа што ме лажеше.

Мислеше дека нема да дознаам? Дали навистина мислеше дека сум доволно глупава за да ти верувам? Дали мислеше дека ќе ти простам?

Јас верувам во втори шанси и верувам во простување, но исто  така верувам дека не ги заслужуваш ни двете.

Со месеци се измачував прашувајќи се што можев да направам поинаку и конечно дојдов до заклучокот дека всушност јас тебе треба да те жалам.

И до ден денес сум благодарна. Фала ти што ме научи како не сакам да се однесуваат со мене во иднина. Фала ти што ме научи што не треба да барам во еден маж. Фала што ме научи да не се помирувам. Фала што ми дозволи да бидам храбра.

Фала ти што ме лажеше.