За мојата другарка која е самохрана мајка: Ти си моја најголема инспирација!

Знам дека не го замислуваше твојот живот на овој начин.

Се заљуби и работите едно време беа супер.

Изгледаше дека тоа е тоа и тогаш откри дека си бремена, а тоа не беше тоа што тој посакуваше да го слушне. Ти се заљуби во твоето бебе. Тој се разочара и се дистанцираше. Тој не беше подготвен и си замина.

Не можам ни да замислам колку те болеше. Знам дека таа тежина понекогаш ти е тешко да ја носиш. Но, без оглед на тоа колку е тешко, ти продолжуваш да одиш. Ти секогаш го ставаш тоа прекрасно бебе на прво место. Тие се стремиш да бидеш присутна на сите големи моменти. Ти се држиш дури и кога си на раб на нервен слом.

Без оглед на тоа колку си зафатена, те гледам како создаваш магични спомени за твоето дете.

Сум гледала како твоите очи се полни со гордост кога го гледаш како открива толку многу работи за првпат. Секогаш наоѓаш време да бидеш со него и да бидеш присутна, без оглед на тоа колку многу работи ти се натрупани.

Знам дека таа посветеност бара многу жртви. Го жртвуваш сонот, разумот и твојата самотија за твоето дете. Не запираш додека твоето малечко не е сосема згрижено. Се откажа од многу работи и изгуби многу пријатели во процесот. И знам колку тажна беше кога ќе помислеше дека луѓето се оддалечуваат од тебе поради твоето најслатко бебе.

Знам дека многу љубопитни очи те гледаат и сакаат да душкаат за да откријат зошто си самохрана мајка. Знам дека помина низ пекол и назад откако стана мајка.

Но, сакам да ти честитам.

Ти постави неверојатен пример и покрај картите кои ти беа поделени.

Мораше брзо да пораснеш, но тоа го направи со стил и достоинство. И тоа бебе е толку среќно што те има тебе за мајка. За мене е чест тоа што те гледам како растеш како мајка и тоа што го гледам твоето бебе како расте и се претвора во прекрасна, нежна личност полна со љубов.

Сакам да знаеш дека секогаш ќе бидам тука и за двајцата. Толку многу го сакам тоа дете и знам дека таа љубов само ќе продолжи да расте.

И знам дека дури и на Супер жената и е потребен одмор одвреме-навреме. Затоа, те молам не се двоуми да ми се обратиш ако сакаш некогаш да си се посветиш на себе. Со задоволство ќе го почувам тоа прекрансно бебе.

Засекогаш ќе те сакам. И засекогаш ќе го сакам твојот прекрасен син. И не можеш ни да замислиш колку се гордеам со тебе.

Ако случајно никој не ти го кажал ова во последно време, ти си сакана и ценета затоа што си прекрасна мајка и уште поинспиративна жена!