За младата генерација кои се плашат да бидат сами

Нашата генерација го уништи концептот на тоа да се биде среќен сам и надвор од врска. Мислиме дека ако не сме во врска, дека не сме сакани и посакувани. Ни велат дека за да бидеме прифатени од луѓето, дека треба да бидеме сакани од друга личност. Дека не смееме да сме сами.

Убаво е да се биде во врска, но на крајот на денот, нашата вредност нема никаква врска со тоа дали сме сами или не. За да бидеме среќни со друга личност, треба да бидеме среќни со себеси, онакви какви што сме.

Затоа, сакајте се себеси. Излегувајте сами. Запознајте се себеси. Уживајте во најубавите години од животот без да се мачите со притисокот дека не смеете да сте сами.

Што е толку добро да се биде во врска, која не ви носи среќа и мир? Зошто би биле во врска со личност која не е вистина за вас? Зошто би се убедувале себеси дека сте со вистинската личност, кога таа вистинската некаде чека на вас?

Не е фер да минувате време и да ја залажувате другата страна, повторувајќи дека ја сакате а мачејќи се во себе, знаејќи дека тоа не е сака. Не се оптеретувајте со тоа.

Градете ја својата кариера. Отплатете ги своите долгови на картичките. Спијте со оние кои ви се допаѓаат. Истражете ги своите страсти. Истражете го светот. Откријте се себеси и запознајте ги своите пријатели подобро. Дозволете да избирате меѓу повеќе алтернативи.

Научете да бидете сами за да созреете подобро. Бидете свои.