За мерак: Топло и вкусно домашно лепче со кашкавал и маслинки

Потребни состојки:

300 гр. брашно

1 прашок за печиво

½ лажичка сол

1 лажичка мелен црн пипер

1 лажичка сенф

100 гр. пармезан

100 гр. гауда

100 гр. сецкани црни маслинки

2 млади кромидчиња

2 јајца

2 лажици маслиново масло

200 мл. јогурт

Припрема:

Во голем сад ставете го брашното, прашокот за пециво, солта, мелениот црн пипер и сенфот, па примешајте. Потоа додадете ги двата вида на кашкавал и маслинките и ситно сецканиот млад кромид.

Во друг сад изматете ги јајцата, па додадете го маслото за јадење и јогуртот, па промешајте. Додадете ја оваа смеса во големиот сад и мешајте се додека не добиете хомогена смеса.

Во зад за печење леб ставете хартија за печење, па додадете ја смесата. Печете на температура од 180 степени 30тина минути, односно се додека не брцнете чечкалица во лебот и таа не излезе чиста. Добар апетит!