За мажот кој ме научи што навистина значи скршено срце...

Што значи скршено срце? Никогаш не можев да сфатам како еден човек може да му го скрши светот на друг човек. На крајот на краиштата, среќата треба да доаѓа од нас самите и не треба да зависи од другите луѓе. Барем ова беше начинот на кој размислував додека не го запознав него.

А сега седам сама, зјапајќи немо низ прозорецот, гледајќи во свет полн со празнина. Моето срце е толку скршено што мислам дека конечно сфатив што значи да се има скршено срце.

Нашата приказна не беше клише – беше сирова. Велат дека на младешката љубов не и е судено да трае, но јас навистина верував дека ќе успееме. Ако ништо друго, тоа лето изгледаше како вечност.

Секој можен момент го поминувавме еден покрај друг, гледајќи се во очи. Неговите беа со боја на океан, а неговата насмевка ме потсеќаше на невиност. Тој беше прекрасен, а прекрасна беше и неговата душа. Мислев дека конечно открив што значи да бидеш поврзан со некого.

Господе мој, колку бев фасцинирана од него. Имавме исти мислења за универзумот, религијата и за музиката. Неговиот глас беше единствената мелодија којашто сакав да ја слушам.

Кога се запознавме, јас бев инстантно привлечена за неговиот глас. Тоа беше на една глупава забава со прегласна музика. По една недела излеговме на првиот од многуте состаноци.

Поминавме многу ноќи танцувајќи до изгрејсонце. Ноќи полни со страст, никотин и по малку вотка. Тој правеше да се чувствувам живо, земајќи предвид колку безживотно се чувствувам сега. Претпоставувам дека тој не планираше да се чувствувам вака како што се чувствувам сега, но којзнае... По сите наши спомени, тој едноставно си замина.

Се уште имам песок во моите џемперчиња, како остаток од тие ноќи. Ние бевме млади и безгрижни. Имавме малку пари, но многу љубов. Тоа лето го поминавме во изнајмен апартман на плажата во еден друг град...

Тој пушеше цигари како што јас вдишував воздух и можеби тука се скршија работите. Неговата љубов за мене, ако воопшто и постоеше, беше заменета со шишето и последната ветена цигара.

Но, на денот кога ме остави, немаше алкохол во неговите вени. Сепак, неговите очи беа празни како што денес е празен мојот свет. Нашата љубов можеби не беше со иста јачина, а можеби и никогаш не се работеше за љубов.

Приврзаност можеби. А можеби и некоја безначајна шега. Како и да е, сега знам што значи скршено срце. И пушам премногу цигари, па можеби моите бели дробови се црни како неговата душа и срце.

Сепак знам дека по некое време, можеби, само можеби, моето срце ќе почне повторно да се составува и јас повторно ќе бидам целосна.