За луѓето кои веќе не се дел од нашиот живот – најмногу ни недостасуваат за време на празниците

Се сеќаваме на празничната трпеза, поинаква беше со нивното присуство. Насмеана, топла, среќна. Но, животот се менува, доаѓаат тешки денови и нивното отсуство недостасува многу повеќе одошто сме замислувале.

Само еден телефонски повик или 3 зборови од најблиската личност ни го свртеа животот наопаку.

Учиме да живееме без нив, да се потсетуваме од време на време на нив, да се сеќаваме на убавите денови поминати заедно. Но, кога ќе дојдат празниците, нивното отсуство е најсилно. Недостасуваат премногу.

Да се трудиме да го сочуваме споменот за нив и за време на празниците, да ги споменеме на бадниковата и божиќната трпеза и утринското кафе кое го пиеме со нашето семејство. Да ги споменеме, да се потсетиме на убавите моменти со нив и значењето кое го имаа и се уште го имаат во нашите животи и по нивната смрт.

Животот продолжува, споменот за нив засекогаш ќе остане со нас, но тие највеќе ќе ни недостасуваат на овие големи денови.