Ве гледам. Ве гледам како се обидувате да ги пробиете сите бариери на овој живот полн со болка. Чувствувам како се обидувате да се убедите себеси дека сте добро, кога во суштина не сте добро.

Можам да видам што се случува зад лажната насмевка. Можам да видам што се случува зад маскираната болка. Можам да видам како се обидувате да ги убедите сите дека сте добро.

Сфаќам дека сакате да бидете силни и да му покажете на светот дека можете да го отфрлите хаосот кој ви го фрла на патот. На крајот на краиштата, токму поради вашата сила, останатите луѓе ве почитуваат.

Но, вашата исфорсирана насмевка не ме убедува. Можам да ѕирнам низ неа. Можам да видам дека се обидувате да биде цврсти во момент кога најверојатно треба да се соочите со вашата слабст и болката пред вас.

Но, еве во што е финтата: Не може да продолжите да се обидувате сами да го освоите овој свет. Животот продожува да задава удари и искрено помошта ќе биде вашиот најдобар пријател.

Вистината е дека не мора да биде силни секој ден. Не мора да се преправате дека сте добро кога веројатно не сте. И да бидеме искрени, океј е да бидете тажни, скршени и дел по дел да ги собирате парчињата од себе. Сосема е во ред да побарате помош кога таа ви е најпотребна.

Нема причина да ги поттиснувате сите тие чувства кои ги носите во вашето срце. Не постои причина да ги лажете тие кои највеќе се грижат за вас. Сите ви се восхитуваат на вашата сила, но не мора да ја покажувате кога реалноста кажува дека вие тонете и се давите.

Понекогаш едноставно морате да се грижите за себеси. Понекогаш вие самите на себе треба да си бидете највисок приоритет. Понекогаш треба да дозволите и другите да ве носат и да ви бидат потпора.

Истоштувачки е цело време да се преправате дека сте добро. Тоа ќе ве полуди и ќе ве претвори во бесчувствително суштество. Тешко е да покажете слабост кога сте биле силни толку долго. Но, морате да бидете тоа што сте. Треба да престанете да се преправате дека сте супер. Во ред е да бидете слаби, да бидете тажни, да патите.

Смеете да се чувствувате скршено. Да се чувствувате збунето и изгубен. Се тоа што го чувствувате е реално и вашите чувства се релевантни. Тие се прифатени и почувствувани.

Покажувањето слабост не значи дека сте слаби.

Тоа само покажува дека поминувате низ период од животот кога вашата борба е реална. Се што ви треба во ова време е да се потпрете на оние кои ве сакаат и поддржуваат. Да им кажете она што срцето ви го кажува и она со кое ве храни вашата глава.

Искажувањето на вашите чувства пред другите луѓе е првиот чекор во грижата за себе. Покажува дека имате тежина и дека ви треба помош за да ја отстраните.  Признавањето дека поминувате низ лош период не ве прави помаку силни. Ранливоста е подобра отколку преправањето дека вашите проблеми не ве јадат одвнатре.

Вистинската слабост е кога луѓето не сфаќаат дека се само луѓе.  Сите сме. Можеме да бидеме силни само во определен период пред тоа да си го земе данокот.

Побарајте помош – бидете отворени за вашите маки.

Тоа ќе ви помогне да ги уништите сите сомнежи кои ги имате, затоа што луѓето се грижат за вас, дури и кога вам ви е тешко да го видите тоа.

Никој не очекува постојано да бидете силни. И ако луѓето ви кажуваат дека морате да ја носите тежината на вашите рамена, кажете им да отстапат.

Опкружете се себеси само со оние кои ве сакаат, кои ја чувствуваат вашата болка со вас. И над се и пред се, грижете се за себеси.