За луѓето кои плачат додека гледаат филм

Постојат оние луѓе кои често плачат додека гледаат филмови. Тие се истите кои би плачеле и покрај убава книга, но и слушајќи убава песна.

Овие луѓе во себе имаат една силна карактеристика – емпатија.

Таа  им припаѓа само на одредени луѓе. Многу луѓе, никогаш не ја поседуваат. Живеат цел живот без неа и не можат да ги разберат другите. Тие не можат да чувствуваат многу кон другите луѓе или нивните животни ситуации.

Потребно е да се има одредена сила кога се грижите за другите луѓе и нивните ситуации. Животот е суров кон одредени луѓе, а ако сте во можност да се ставите во нивна кожа, тоа многу говори за вас.

Вие сте доволно силни да ја издржите таквата болка. Вие сте и доволно силни за да бидете силни за другите и имате можност да почувствувате што тие чувствуваат. Грижата за другите не е слабост, тоа е ретка човечка карактеристика. Тоа покажува дека имате огромно срце.

За луѓето кои имаат силни емоции во себе, гледањето филм е прекрасно искуство. Тоа помага и да ги доживееме туѓите емоции и да ги разбереме.