Знам како е кога ќе те повредат, особено кога ќе те повреди некој за кој никогаш не би помислил дека може да те повреди. Но, ве повредиле и еве сте сега тука...

Малку постари, малку помудри и малку повнимателни во врска со тоа кого пуштате во вашите животи.

Не сакате да го давате вашиот број и кога давате шанса секогаш се осигурувате дека вие сте тие кои помалку се грижат и секогаш се трудите вие да бидете оние кои први ќе си отидат и ќе ја напуштат другата страна пред тие да го направат истото.

Не сакате да дозволите вашата среќа да зависи од некој друг.

Особено не по последниот пат кога го дозволивте тоа.

Им кажувате на пријателите дека едноставно не сте „кликнале“, но знаете дека всушност не сте им дале шанса. Не сакате да бидете ранливи, затоа што ранливите луѓе завршуваат со скршено срце.

Вие откривте дека најдобриот начин да го заштитите вашето срце е да се преправате дека немате срце.

Се убедувате себеси дека сакате да бидете сами и дека ова е баш тоа што ви треба.

Но, не е.

Можеби изгледа дека е подобро да бидете бесчувствителни отколку со скршено срце, но тоа не е начин да го живеете животот.

Затоа, престанете!

Кога ќе се случи нешто лошо не се откажувајте. Ќе се обидете пак, ќе знаете повеќе, ќе бидете малку повнимателни и продолжувате понатаму.

Не, не дозволувајте среќата да ви зависи од некој друг, но не се плашете да им дозволите на другите луѓе да допринесат на вашата среќа.

Колку и да ви е тешко да поверувате во тоа, нема секој човек да ве повреди како што ве повредиле другите и ќе научите како повеќе да ги цените тие што нема да ве повредат.