За личноста која е секогаш тука за другите

Откако се сеќавам, во мојата природа е да им помогнам на луѓето.

Јас сум личноста во нашето друштво на која сите и се обраќаат, кога сакаат да се исплачат или да добијат совет. Јас сум единствената која ќе одговори на нивната порака во 03:00 по полноќ и која ќе позборува со нив, обидувајќи се да го излечи нивното скршено срце. Јас сум онаа која ќе им испраќа смешни слики и инспиративни мисли за да го разубави нивниот ден.

Знам дека им требам на луѓето и тоа некогаш е одлично чувство, но понекогаш тоа многу ме истоштува. Конечно го признавам тоа.

Сакам да им помагам на луѓето, особено на оние кои ги сакам. Но, понекогаш ми е многу тешко бидејќи тие се научени дека јас сум најмудрата личност во друштвото, онаа која ги знае сите одговори.

Во реалноста, и јас имам свои проблеми

Понекогаш и мене ми е потребно туѓо рамо за плачење или пак топол збор дека нештата ќе бидат во ред. Понекогаш и јас сакам порака во средината на ноќта, некој да провери дали сум добро. Понекогаш и јас сакам да ме тешат додека плачам и врескам кога осаменоста ќе ме нападне.

Мислам дека најголемата причина поради која им помагам на другите е тоа дека знам како е да се биде тажен и осамен.

Кога им помагам на другите, јас не сакам ништо за возврат, но понекогаш сакам да знам дека можам да се потпрам некому. Носам многу товар на моите рамења. Затоа и сакам да знам дека некој ќе ми помогне да го носам тоа со себе.