За крај на февруари: Што ни носи младата Месечина во Риби?

Овој период почнува на 23 февруари, а носи промени за сите хороскопски знаци.

Младата месечина, без оглед на тоа што сте во хороскоп носи промени за секој од нас. Доаѓа момент за нови соништа и желби. Ако верувате во чуда, тие ќе се случат токму во овој период.

Нема потреби за големи желби, фокусот треба да го ставите на чувствата, на она што го посакуваме. Одговорите лежат во вашето срце.

Крајот на февруари и почетокот на март се задолжени за Рибите. Сега Сонцето минува во овој знак. Може лесно да се случи да сонуваме, а треба да ги избегнеме шаблоните и да се потрудиме да сфатиме што ни се случува.

Рибите се задолжени за несвесното, така можеме да се спознаеме себеси. Можете да запишувате што мислите, да видите што мислите и да го анализирате тоа. Запознајте се себеси на еден поинаков начин. За некои знаци, таа средба воопшто нема да биде едноставна.

Јупитер кој се наоѓа во Јарец владее со младата Месечина во Риби. Првата работа која нам ни е потребна е да се направи одреден план што сакаме да го замислиме. Не е доволно само да помислиме, овој пат потребни се некои чекори со кои ќе го оствариме планот. 

Никој не може да го започне ваквиот процес освен вие самите. Решението не е во тоа само да лежиме, посакаме и чекаме. Поврзаноста со Јарец значи дека без работа, нема резултати. Почнете со мали чекори.

Ѕвезденото небо го поддржува секој од нас, време е да ставиме точка на некои работи и да кажеме некоја нова приказна. На вас е да го препознаете патот по кој сака да оди вашата душа.