За копирант во МЕПСО се пријавиле 99 лица

Вкупно 99 пријави стигнале до МЕПСО на огласот за прием на копирант во архиватa во служба за општи работи, потврдија од компанијата за „Макфакс“.

За оваа работна позиција условот е завршено средно образование, а мeсечната нето-плата е 24.900 денари. За двете позиции, пак, советник во Кабинетот на генералниот директор стигнале 49 пријави, а за шеф на Кабинетот, пристигнале вкупно 20 пријави. Нето-платите за овие две работни места е 45.300 денари, а се бара завршен електротехнички факултет.

Огласот со отворени 9 работни позиции во МЕПСО беше објавен кон крајот на минатиот месец.