За истоштената мајка која се крие во тоалетот за да се исплаче неколку минути во тишина...

За мајката која се крие во тоалетот, затоа што чувствува дека ѝ се потребни неколку минути во тишина додека ѝ течат солзи.

За мајката која е толку уморна што мисли дека не може да продолжи понатаму и сѐ би дала само за еден миг полн со мир и хармонија.

За мајката која плаче во својата соба затоа што ги искарала децата за глупост и сега има грижа на совест.

За мајката која очајно се бори да влезе во фармерките затоа што сака да изгледа убаво.

За мајката која нарачува пица, затоа што пак немала време да направи вечера.

За мајката која се чувствува осамено, дури и кога е опкружена со луѓе.

Вредиш.

Важна си.

Доволна си.

Ова е само период, луд и хаотичен период за сите мајки.

Но, на крај сето ова ќе вреди. Сега е тешко. Тешко на многу нивоа и на различни начини за секоја од нас. Ние не зборуваме секогаш за овие работи, но сите се бориме, затоа знај дека не си сама.

Доволна си.

Го даваш најдоброто од себе.

Тие малечки очиња кои те гледаат, мислат дека си совршена, дури и повеќе од совршена.

Тие малечки рачиња кои ги бараат твоите раце, мислат дека си најсилна и дека можеш да го освоиш светот.

Тие малечки устиња кои го јадат она што ќе им го дадеш, мислат дека си најдобра.

Тие малечки срциња кои го бараат твоето срце, тие не сакаат ништо од тебе.

Затоа што ти си доволна за нив, мамо, ти си и повеќе од доволна.

Ти си прекрасна!