Право на регрес или к-15 имаат сите работници во приватниот сектор кои работеле кај истиот работодавач најмалку шест месеци во календарската година.


Според иницијалните пресметки кои се темелат на просечната нето и бруто плата во Македонија, износот на к-15 за оваа година би требало да се движи од 9 до 13 и пол илјади денари што ќе значи благо покачување во однос на минатата година каде што минималниот износ не надмина 9 илјади денари.

Рокот кој го имаат работодавачите за да го исплатат овогодинешниот надоместок за к-15 истекува на 31 декември, а голем дел од компанииите од приватниот сектор ќе чекаат “пет до дванаесет“ за да ги израдуваат своите работници.

Меѓутоа, не е мал и бројот на компаниите кои минатата година не го чекаа декември за да ја извршат оваа исплата, односно оваа законска обврска ја завршија во октомври и ноември или порано. Годинава, таков пример беше компанијата Витаминка која што дури во јули исплати износ од 10.000 денари на основ к-15 на своите 570 работници.

Останува да видиме кои компании ќе исплатат к-15 порано, односно во месец октомври.