За девојката на која ѝ се потребни одговори...

Еве го прашањето кое може да ја преврти целата работа со нас: „Што сме ние? Што сакаш ти од ова?“

Во секоја врска има еден кој сака повеќе и кој има повеќе чувства.

Ние сега сме во една чудна фаза кога не сме пријатели, ама не сме ни во врска. Се однесуваш како да сме во врска кога сме заедно, но кога не сме заедно се однесуваш како да не постојам. Сфаќам дека твојот живот не престанува само затоа што сум влегла во него. Но, кога ќе успееш да ме пикнеш во твојот зафатен распоред? Кога ќе ме направиш твој приоритет?

Или ова е некоја твоја игра да ме влечеш за нос за да помислам дека ќе бидеме заедно само за да извлечеш уште нешто од мене? Или вака ми кажуваш дека не сакаш врска, а сакаш секс.

Кога лежиме заедно во кревет, имам чувство дека ништо на светов не постои и дека ништо не е важно. Во тој момент ги заборавам сите проблеми и правиш да се чувствувам дека се е океј.

Но, кога не сме заедно, постојано чекам порака која знам дека нема да дојде се додека јас не почнам разговор. А дури и тогаш не знам дали ќе ми вратиш.

Дали сум патетична поради тоа што сакам повеќе од ова кога веќе чувствувам дека го знам одговорот?

Моето срце се крши додека го чека твојот одговор. Зошто би сакал врска од мене кога веќе си го добиваш тоа што го сакаш, нели?

На крајот, од оваа „врска“ ќе остане само пепел. Можеби не денес, не утре, но еден ден ќе се случи тоа.

Мислев дека ја научив мојата лекција. Се заколнав дека никогаш нема да бидам искористена за секс откако претходниот пат ми се случи истото, а јас и тогаш развив чувства кон тој човек.

Кога ќе ми дојде памет?