За девојката која секоја вечер заспива плачејќи...

Жал ми е што поминуваш низ таква болка.

Твоето срце е скршено и изгледа никој не може да ти помогне да го составиш.

Спиеш цело време затоа што мислиш дека само така можеш да избегаш од се. Но, ја мразиш ноќта затоа што тогаш размислуваш за се.

Не можеш никако да престанеш да мислиш на работите кои те кршат, но те уверувам дека ќе биде подобро.

Еден ден ќе си легнеш да спиеш и нема веќе да ти течат солзи.

Тогаш ќе си речеш себеси: „Еј, зарем конечно ќе се разбудам, а перницата нема да ми биде влажна од солзи.“

А одговорот е: Да!

Ќе имаш добри денови и ќе имаш лоши денови и тоа е океј.

Никогаш нема да бидеш совршена.

Можеби ќе имаш денови кога повторно ќе се скршиш, но мораш да разбереш дека чувствата се нормални и тоа е океј.

Дури можеби ќе ја надминеш болката и ќе посакаш да не си се мачела толку.

Еден ден ќе си ја пронајдеш изгубената насмевка и повторно ќе се чувствуваш убаво.

Еден ден твоите најдобри другари повторно ќе те смејат до солзи и ќе сфатите колку се прекрасни и важни.

Еден ден ова секојдневно заспивање со солзи ќе биде само спомен, затоа што животот е пред тебе.

И ќе стигнеш таму. Само мораш да запомниш дека си силна и дека твоето срце е силно.

И можеш да постигнеш се, дури и после најголемата болка, затоа што таа те прави посилна.