За девојката која секој ден со мака го поминува денот: Не се откажувај од себе!

Има денови кога се чини дека единствениот избор е да се скршиш. Кога солзите кои течат по твоето лице повеќе те утешуваат отколку глумењето среќа. Има денови кога едвај стануваш од кревет, наместо со елан да го започнеш денот.

Молчеливо ги водиш овие битки затоа што не сакаш да бидеш товар.

Понекогаш имаш чувство дека светот те гуши и се чувствуваш заробено и парализирано додека гледаш како се останато се движи. Поим немаш што да правиш следно.

Има денови кога мислиш дека секој твој потег и одлука е неверојатно фијаско.

Она што порано си го сакала, сега не можеш да го поднесеш. Никако не можеш да се собереш себеси и постојано се потсетуваш на сите грешки кои некогаш си ги направила.

Има ноќи кога воопшто не ни можеш да спиеш, без оглед на тоа колку се трудиш. Ноќи кога сопствените мисли те преплавуваат до изнемоштеност.

Повредена си.

Запомни дека можеби во моментов не си таму каде што сакаш да бидеш, но не си ни таму каде што си била. Тоа е чекор напред. Имаш надминато толку многу пречки, не дозволувај ова да те кутне на земја.

Твојата сила е мотивирачка и инспиративна. Секој ден ставаш насмевка на лицето и си подготвена да се соочиш со светот и со демоните во тебе.

Ти си храбра, преземаш ризици кои другите никогаш не би ги преземале и водиш битки кои другите не ни знаат дека постојат. Треба да се гордееш со она што го имаш постигнато.

Не се откажувај од себе.

Во овие моменти на очај најди ја својата сила. Најди го својот глас. Мрдни ги стапалата и почни да чекориш напред. Има нешто прекрасно зад другата линија на мизеријата. Сѐ што треба да направиш е доволно да веруваш во себеси.

Овие моменти нема веднаш да престанат, но запомни дека иако има периоди кога работите не се добри, ти секогаш си прекрасна.

Никогаш не е лесно, но со тек на време станува подобро.

new nike air max 2019