За девојката која секогаш се чувствува како последен избор...

Таа има чувство дека луѓето мислат дека е на закачалка, а сепак постојано седи и чека да ја одберат. Таа знае дека вреди повеќе отколку да биде резервен план и дека не го заслужува тоа.

А сепак, ете ја, пак се однесуваат така кон неа.

Таа толку многу се грижи за сите околу неа, што не сака ни да им каже дека тие ја повредуваат.

Таа попрво би избрала да ја повредат, отколку да дозволи друг да биде повреден.

Но, таа мора да сфати дека луѓето го гледаат тоа. Таа го живее животот не давајќи си себеси заслуги, ниту пак се однесува кон себе како приоритет, па затоа и другите се однесуваат така.

Кога таа ќе почне да се почитува себеси, тогаш и другите ќе почнат да ја почитуваат.

Но, таа е толку заглавена во сопствените мисли, носејќи заклучоци... и тоа никогаш не се добри заклучоци. Таа ја анализира секоја ситница којашто се случила тој ден и не може да го сопре тоа.

Таа љуби со целото срце, но нејзиното срце е многу тврдоглаво. Таа би направила се за оние коишто ги сака и не би побарала ништо за возврат.

Истоштувачки е да се труди да биде подобра за сите. Тоа си го зема данокот.

Она што и е потребно е да земе здив. Да вдиши длабоко. Таа мора да се потсети себеси дека во сите односи во животот, чувствата и врските треба да бидат рамноправни. Таа заслужува другите да се однесуваат кон неа како да е важна, затоа што навистина е важна.

И таа е толку попрекрасна отколку што мисли дека е.

Таа има прекрасна душа и таа е личност која мотивира, но понекогаш мора да се стави себеси на прво место.