За девојката која се плаши да биде среќна...

Сфаќам какво е чувството да се плашиш да бидеш среќна. Можеби се држиш за работите кои те прават тажна, а не си ни свесна за тоа. Можеби не си ни тажна, но знаеш дека не си ни среќна. Луташ некаде низ средината, живуркајќи.

И ако си дозволиш себеси да бидеш екстремно среќна, знаеш дека можеш да го изгубиш тоа и лесно да отидеш во другата екстрема: екстремна тага.

Работата што треба да ја сфатиш во врска со среќата и тагата е тоа што тие се минливи. Како човечко суштество, ти треба да ги искусиш тие екстремни чувства. Не треба да се чувствуваш лошо во врска со тоа. Овие чувства доаѓаат и си одат и тоа е она што прави да ги цениш добрите денови. Среќата не е дестинација, но и тагата не е место каде што треба да останеш.

Работите коишто не’ плашат најчесто се најдобри за нас. Ако нешто или некој веќе не ти дава добро чувство, мораш да ги пуштиш да си заминат, дури и ако си исплашена. Ако го направиш тоа, ќе ти се случи нешто прекрасно.

Ти заслужуваш да имаш исполнет живот, живот полн со работи кои носат само среќа и задоволство. Не треба да се будиш несреќна и да се мачиш да го истераш денот.

Една од најтешките работи при признавањето на тгата е признавањето е дека можеби самите сме си виновни за нашата несреќа. Никој не сака да го признае тоа. Никој не сака да признае дека причината поради која се чувствуваме така како што се чувствуваме е директно предизвикана од нашите дејствија.

Но, се работи токму за тоа. Ние ја контолираме нашата среќа исто како што ја контролираме нашата тага. Многу луѓе забораваат да го прифатат тоа. Ако имавме избор помеѓу среќа и тага, кој при здрав ум би избрал тага? Но, без да бидат свесни за тоа, многу луѓе секојдневно го прават тоа.

Не се плаши од среќа. Ја заслужуваш. Заслужуваш среќа повеќе од кого било. И сакам да бидеш среќна.

Сите се стремат кон истата работа. Сите сакаат да бидат среќни. Сите го бараме тоа. Затоа немој да мислиш дека си сама само затоа што си тажна. Едноставно треба да определиш и дознаеш што те прави среќна. Што те прави навистина среќна. Најди ја таа работа која ќе прави со задоволство да стануваш и да го дочекуваш денот којшто е пред тебе.

Тоа е различно за сите. Иако сакам да го одговорам прашањето за тоа што те прави среќна, тоа не е нешто што го знам. Одговорот за тоа лежи во твоето срце и ти треба да го слушаш.

Биди доволно храбра да го слушаш твоето срце дури и ако се плашиш од она што ќе ти го каже.