За девојката која продолжува да си го крши сопственото срце...

Ти девојко, која продолжуваш да си го кршиш сопственото срце, време е да си ја видиш сопствената вредност. Научи да се сакаш себеси и врати си ја самодовербата.

Ти вредиш многу повеќе отколку што си даваш заслуга. Мораш да сфатиш дека не можеш да промениш некого, ако таа личност не сака да се смени и прекини да се обидуваш. Со тоа само се повредуваш себеси.

Запомни дека најважно е ти да бидеш свој прв приоритет.

Заслужуваш многу повеќе од измешаните знаци и повремена порака. Не смееш да си дозволиш да бидеш втор или трет избор.

Ти си премногу добра за да бидеш тажна за човек кој најверојатно воопшто не се грижи за тоа што те изгубил тебе.

Мораш да научиш да се сакаш и цениш себеси за да може и другите да те сакаат и ценат. Дотогаш, не се грижи, одлично ќе ти и оди да бидеш сама со себе.

Не си ти виновна за тоа што тој ги нема истите чувства. Можеш да ги дадеш и покажеш сите твои чувства, но тоа не значи дека со тоа ќе направиш некој да го чувствува истото.

Да бидеш толку отворена за љубов е карактеристика која малкумина ја имаат – чувај ја.

Ти си прекрасна, љубезна, паметна и ќе стигнеш далеку.

Еден ден, ќе се навратиш на сите рани и сите ситуации кога ти било скршено срцето и ќе сфатиш зошто се случиле тиеработи.

Некој, некогаш, ќе се однесува со тебе како да си кралица и тогаш ќе ја сфатиш целата болка која те довела дотаму. Но, денес, стави се себеси на прво место и прекини самата да си го кршиш срцето.