За девојката која премногу пати била разочарана...

Да бидеш оптимист и полн со надеж генерално треба да е добра работа. Сите ви велат дека не треба да мислите негативно. А ти се обидуваше, нели? Се обидуваше да го гледаш доброто во се и секогаш да се надеваш на најдоброто. Постојано даваш шанси и се даваш себеси.

Но, животот изгледа како постојано да те разочарува.

Знам дека мислиш дека нема поента да имаш надеж. Сите работи кои животот ти ги фрла во твој правец прави да биде невозможно да веруваш и очекуваш добрина од некого или нешто. А кога ќе се случи нешто добро, тешко ти е да го прифатиш тоа.

Ти не правиш ништо лошо. Ти си неверојатно силна поради тоа што веруваш дека сите работи имаат потенцијал да бидат посебни. Дури и покрај сите моменти кога си би била разочарана, се уште веруваш во тоа.

Навистина е неверојатна работа се уште да имаш надеж и да очекуваш дека добри работи ќе се случуваат откако се случиле толку многу лоши.

Сите твои искуства секојдневно те прават посилна личност. Секое одбивање, неуспех, лош ден, болка и се што животот ти носи те обликува во личноста која треба да бидеш.

Затоа, ако си исплашена да и дадеш шанса на љубовта, обиди се. Можеби ќе налетуваш на уште погрешни. Ако се плашиш да се бориш за работата која ја сакаш, сепак обиди се. Размисли, како ќе знаеш кој пат е баш оној прав пат кој ќе ти го смени животот? Како ќе знаеш ако се плашиш да пробаш?

Те молам не се обидувај да се промениш себеси. Никогаш не престанувај да бидеш оптимист или да имаш надеж во секоја ситуација.

Со начинот на кој го гледаш светот, само помисли на влијанието кое можеш да го имаш врз луѓето кои не можат да ја видат убавината во светот.

Ти си надарена со моќ да допреш до луѓето и да најдеш нешто уникатно.

Па затоа, ако си девојката која е уморна од тоа да ја разочаруваат, те молам издржи уште малку.

Ќе поминеш и низ ова. Твоето време ќе дојде.