За девојката која постојано се замара за тоа што мислат другите за неа...

Ти, која поминуваш покрај огледалото со спуштена глава. Твоите рамена собрани и твојот растреперен глас... Ти, која постојано одиш со подочњаци околу очите.

Ти, која паѓаш во спиралата на очајот поради се она што се случува околу тебе. Можам да ја почувствувам твојата болка и твојата потреба да ги убедиш сите дека си добро.

Ти, која се изгладнуваш секој ден, броејќи ги калориите поради неважните мислења на случајни минувачи.

Ти, која носиш страв во очите кога одиш во јавности, постојано мислејќи дали некој те забележал.

Ти, која постојано се мериш на вага, надевајќи се дека бројката паднала, затоа што некако таа бројка е поврзана со твојата самодоверба. Ти, која носиш широки алишта за да си ја скриеш фигурата, затоа што ти е страв што ќе кажат другите.

Ти се давиш во негативноста околу тебе и дозволуваш таа да те дефинира. Ти го прифаќаш фактот дека луѓето ќе те омаловажуваат без оглед на тоа колку силно се трудиш.

Се затвораш во кафез, со клучот во рака. Остануваш таму затоа што тоа е единственото место коешто го знаеш. Ти го градиш твојот свет опкружена со удобност, но тој е изграден од страв.

Наскоро, тој кафез ќе почне да ‘рѓосува. Тој кафез ќе се исполни со прашината донесена од твоите мисли. Нема да можеш да го одржуваш.

Штрафчињата ќе почнат да се опуштаат и клучот ќе се изгуби. Нема да имаш друг избор освен да се ослободиш од бариерата која самата ја изгради.

Кога тоа ќе се случи, ќе почнеш да одиш со високо исправена глава и ќе се запознаеш со сопствениот одраз во огледало. Ќе почнеш да одиш без да си ја преиспитуваш крајната станица.

Ќе најдеш баланс помеѓу тоа што сакаш да го јадеш и вежбањето. Ќе станеш незапирлива и ќе се ослободиш од синџирите кои ти ја одземаа слободата и ќе ти се зголеми чувството на независност.

Бројката на скалата ќе стане незначајна исто како и мислењето на оние кои мислат дека тоа што го зборат е важно. Твојата облека ќе одговара на твоето тело, а твоето срце ќе биде исполнето со љубов. Ќе почнеш да се дефинираш себеси, твојата вредност и ќе сфатиш дека си супер. Твојата цел ќе почне да го изразува твојот живот!