За девојката која има чувство дека се дави во хаосот на животот...

Има денови кога таа се чувствува како измамник. Има чувство дека нејзината насмевка е премногу исфорсирана и дека нејзината кожа е претесна. Таа има чувство дека никогаш нема да направи нешто од себеси.

Нејзиниот страв од неуспех ја следи во чекор, а таа се двоуми на секоја крстосница.

Овој страв ја црпи и целиот сомнеж надвиснува над неа како облак полн со несигурности. И постојано се прашува себеси: „Како некогаш да станам девојката која сакам да бидам?“

Има денови кога се чувствува обесхрабрено. Има чувство дека сите нејзини напори се залудни и мисли дека со секој чекор напред, прави четири чекори назад. И додека се обидува да пронајде некој зрак светлина насреде сите овие промени во животот, таа не може, а да не се чувствува изгубено.

Има денови кога мисли дека и е судено да стагнира, немоќна да ги победи предизвиците кои скокаат во нејзиниот живот.

Но, има денови кога нешто се менува.

Има денови кога таа чувствува мир насреде хаосот околу неа. Таа тогаш јасно гледа каде треба да се движи и решена е да стигне онаму каде што тргнала. Тогаш чувствува дека универзумот е на нејзина страна и ја води низ темнината, слепите улички и погрешните вртења. Водејќи ја до животот којшто го посакува.

Има денови кога се чувствува самоуверено. Не мисли дека е совршена, но тоа не е важно. Таа ја чувствува нејзината цел да биде искрена за нејзините рани за светот да може да се бори заедно со неа. Таа сака да се поврзе со други изморени души и да им помогне да ги надминат препреките за и таа да може да сподели дел од убавината на животот.

Има денови кога се чувствува слаба. Но, има денови кога се чувствува силно. И има моменти кога нејзината ранливост ја обзема. Но, околностите имаат предност која трае кратко.

Ако има научено нешто во животот, тоа е дека се започнува со „еден ден“. Таа можеби се чувствува дека е способна за нешто само во одредени денови, но и тоа е нешто.

И таа ќе порасне и ќе се надградува над тие денови на сила, се додека не изгради живот кој се темели на отпор и издрживост. И тогаш, тие „одредени денови“ ќе станат „повеќето денови“.

Се додека не открие дека успеала. Успеала да стигне до другата страна на болката, до нејзиниот „еден ден“ за кој сонуваше во моментите на надеж и анализи. Тој „еден ден“ за кој таа мислеше дека е многу далеку.

Затоа што она што е потребно се неколку поврзани „еден ден“ тип на денови за таа да продолжи да се бори, денови кога не е поразена од обесхрабрувањето, денови кога ги замолчува гласовите во нејзината глава кои и велат дека нема да ја биде.

Има денови кога таа се чувствува утешено од фактот дека еден ден, се ќе биде океј.