За дечкото кој престана да ја цени девојката која ја сака...

„Тогаш конечно сфатив. Конечно сфатив дека не е важна мислата, туку делото. Да бидеш тука за некого. Намерата позади тоа не е важна. Не за мене. Не повеќе. Не беше доволно да знам дека длабоко во себе тој ме сака. Треба да го кажеш некому, треба да им покажеш дека ги сакаш. А тој не го направи тоа. Не доволно.“ – Џени Хан

Не е важно што мислиш.

Твојата мисла не е доволна. Не  е доволно тоа што длабоко во себе ја сакаш. Мислеше дека твојата мистериозност беше изговор за да престанеш да ја цениш, па затоа дозволи твоето минато, гордост, демони, себичност и фактот дека си уплашен или слаб да биде оправдување за тоа што престана да се бориш и трудиш за неа.

Но, ова е девојката којашто треба да ја цениш.

Дај и го твоето време, љубов, однеси ја на некоја авантура. Држи ја нејзината рака, научи ја нешто ново. Бакни и го лицето милион пати, однеси ја некаде каде што сака да оди, танцувај со неа, прави да се чувствува посебно секој ден.

Ова е девојката која го промени твојот живот, која направи да бидеш подобар маж. Ова е девојката која ги сака твите маани и деловите од тебе кои не си ги сакаш. Девојката која ги брише твоите солзи кога зборуваш за твојот татко, која ги бакнува твоите рабови, која ја сака твојата грубост. Тие делови од себе кои ги покажуваш само пред неа, таа ги обожава, нејзината љубов ги стоплува.

Оваа девојка треба да ја цениш затоа што во твоето срце знаеш дека никогаш нема да се предадеш себеси на друга девојка и ниту една друга девојка нема да те сака така. Никој нема да те сака со толку страст.

Изворедната љубов е ретка и таа значи нешто. Треба да се бориш за неа, да се потрудиш. Мислиш дека леснотијата е добра, дека колку повеќе шанси имаш, толку подобро. Но, верувај ми кога ќе ти кажам дека таа е во твоето срце. Таа те гледа како да си магија. Можеби мислиш дека има нешто подобро, но тоа е илузија, тоа е глупост, тоа е само твоето его.

Оваа љубов е изворедна, а ти мислиш дека сакаш нешто лесно: мирни мориња и едноставно едрење. Но, девојката во којашто се заљуби има сопствено мислење и е паметна и нема секогаш да се согласува со тебе. Таа е тешка, таа бара труд, но лесната девојка никогаш нема да те задоволи. Таа ќе биде слатка, но нема да те инспирира.

Таа се кара со тебе затоа што и значиш. Таа бара повеќе од тебе, таа има мислења и големи соништа за иднината. Таа не ти дозволува да се провлекуваш, да го трошиш залудно својот талент и без оглед на тоа колку те сака, таа на крај ќе те остави ако престанеш да се трудиш.

Затоа што таа знае што имаш и таа никогаш нема да дозволи да не го добие тоа што го заслужува.

Не ризикувај да го изгубиш најдоброто нешто што ти се случило.

Што и да правиш, не дозволувај да ти избега. На моменти ќе биде тешко, ќе те излудува, ќе те фрустрира. Но, никогаш нема да те остави незадоволен или немотивиран. Иако, таа ќе те остави ако продолжиш да ја искористуваш.

Мислиш дека што и да направиш, таа секогаш ќе биде тука за тебе, бидејќи те сака. Но, запамети дека ти се заљуби во девојка којашто не е лесна. Таа си ја знае вредноста. Таа е девојка која нема да се задоволи со некој кој си игра играчки со неа.

Имаш голема љубов, љубов која ја  разбуди твојата душа. Не дозволувај да ја отфрлиш. Не ја губи оваа љубов поради твојата гордост, страв, его или себичност. Затоа што ќе се најде некој кој ќе ја цени нејзината посебност, некој кој ќе се труди и бори за неа.

Разбуди се и сфати дека таа вреди за борбата. Затоа што ако не го направиш тоа, ти ќе бидеш тој кој највеќе ќе страда.