За дечкото кој ме зема од дома и со кого се смеев до солзи додека бевме излезени и пиевме пиво.

За дечкото кој сакаше да ми го покаже неговиот стан затоа што само што ставил нови светилки.

За дечкото кој нежно го допираше мојот лакт додека го бакнуваше моето чело и кој ми велеше дека сум прекрасна.

За дечкото кој толку бавно и страсно ме бакнуваше што речиси и не можев да дишам.

За дечкото кој ме носеше до неговата спална и кој ми шепотеше на уво дека сум првата девојка која ја донел во неговиот стан.

За дечкото кој ме соблекуваше толку бавно и кој ми зборуваше колку сум убава.

За дечкото на чии гради го положив мојот образ додека се смеевме и кикотевме во кревет.

За дечкото кој мислев дека е поинаков.

За дечкото кој потоа исчезна и од кого веќе никогаш, ама баш никогаш не чув ни збор...

Јас сум девојката која се појави таа вечер облечена во тоа што е. Вистинската јас.

Јас сум девојката која поставуваше прашања, затоа што јас бев искрено заинтересирана и јас сум девојката која беше искрена и не се плашеше да ги сподели тие приказни и искуства од сопствениот живот.

Јас сум девојката чиј стомак беше полн со пеперутки во моментот кога ми ја фати раката.

Јас сум девојката чиј ум почна да паничи кога отидовме во спалната.

Јас сум девојката која се прашуваше дали ќе бидеш поинаков.

Јас сум девојката која сепак ги затвори очите и те пушти внатре.

Јас сум девојката која се смееше на твоите шеги и веруваше на секој твој збор.

Јас сум девојката која сама си замина дома.

Јас сум девојката која седеше под топол туш, плачејќи.

Јас сум девојката која со денови постојано го проверуваше својот телефон.

Јас сум девојката која праќаше смешни „Жив ли си?“ пораки.

Јас сум девојката која мораше да го избрише твојот број за случајно да не паднам во искушение да ти се јавам.

Јас сум девојката чие срце е преголемо за да не биде скршено.

Јас сум девојката која сака длабоко и силно.

Јас сум девојката на која најверојатно и речиси не се сеќаваш.

Јас сум девојката која не ја заслужуваш.