За да се зголеми безбедноста, се бележат улиците, се обновува сообраќајната сигнализација

За да се зголеми безбедноста во сообраќајот екипите на Град Скопје изминатиов период ја обележуваа хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари.

Со боја и со ладна пластика се обележани автобуските постојки и пешачките премини, а обележан е и кружниот тек на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов. На булеварот Александар Македонски, пак, се поставени катадиоптри кои овозможуваат подобра видливост на хоризонталната сигнализација, односно подобра рефлексија на средишната линија.

Во текот на денешниот ден ќе се бележи хоризонталната сообраќајна сигнализација на улицата Лука Геров, а на кружниот тек на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов ќе се поставуваат делинеатори за одвојување на коловозните ленти.

На терен работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.