За да процените некого, слушајте како зборува за другите!

Неодамна сте започнале нова работа и сега се обидувате да ги процените новите колеги. Знаете дека многу е важно да имате пријатели на работа за да бидете среќни и продуктивни. Но, како да процените кој ви е пријател, а кој не? Според едно истражување, треба да ги прашате што мислат за своите колеги.

Датин Вуд, истражувач и професор по психологија, вели дека вашата личност и општа среќа не зависи толку од вашите чувства за себеси, туку повеќе се поврзани со вашата перцепција за другите. Ако вашиот нов колега зборува само добро за неговиот тим од канцеларија, тогаш голема е веројатноста дека тој е љубезен, емотивно стабилен, задоволен од својот живот и човек кој е сакан и допадлив.

Од негативната страна, Вуд, вели дека „едноставната наклонетост да се гледаат луѓето во негативно светло укажува на голема веројатност за депресија и други пореметувања на личноста.“ Дури и ако вашиот шеф навистина е нарцис, зборувањето лошо за него, укажува дека и вие самите имате нарцистички и анти-социјални карактеристики.

И што да правите?

Најдобро решение е да зборувате со вашиот колега и да го потпрашате што мисли за неколку колеги. Ако генерално зборува позитивно, сте си нашле нов пријател на работа.