За да можеме да шириме мир, мора прво да се исполниме со мир!

Знам многу луѓе кои мислат дека позитивноста или љубезност е работи кои можат да се „нарачаат“ или „исфорсираат.“

Има луѓе кои мислат дека ширењето на позитивна енергија може да се научи, дека постојат фрази, зборови или реченици кои создаваат позитивна енергија самите по себе.

Тоа не е точно.

Енергијата, позитивна или негативна, се наоѓа во човекот.

Од човекот не може да излезе нешто што не постои.

За да можеме да шириме мир, мора прво да се исполниме со мир.

За да можеме да шириме радост, мора прво нашето срце да биде радосно.

Во спротивно, дури и зборовите полни со најголема утеха, ќе звучат како напад од устата на незадоволниот човек.

Карл Густав Јанг