Не знам што се случи од моментот кога те запознав до денес. Не сум сигурна како стигнавме до тука. Нема логика во тоа што моето омилено здраво се претвори во една од најтешките, најнездравите и најотровните работи низ кои поминав.

Не знам како тоа што љубев некого толку силно се претвори во незнаење и неразбирање на љубовта.

Не знам како секојдневното борење за некого се претвори во губење на способноста воопшто да се бориш за човек.

Не знам како тоа што бев покрај тебе за се, се претвори во длабока желба да бидам сама.

Не знам како мојата желба да бидеш подобар се претвори во страв некој да ми се приближи.

Можеби ги немам сите одговори, но она што го знам е дека сите овие работи произлегоа од тебе.

Овие работи произлегоа од тебе кога остави да плачам по цели вечери кога одеднаш исчезна од мојот живот.

Овие работи произлегоа од тебе кога тие ужасни зборови излегоа од твојата уста и ми ја исекоа душата.

Овие работи произлегоа од тебе кога морав да се собирам самата себеси од подот каде ме остави скршена и сама.

Овие работи произлегоа од тебе кога одлучив да останам со личност која ме уништуваше.

Овие работи произлегоа од тебе кога ти дадов втора шанса, те сакав и се грижев за тебе, иако тебе воопшто не ти беше гајле за мене.

Всушност можеби и знам како стигнавме дотука. Можеби и цело време било јасно. Најголемата грешка што ја направив е што ти доволив да ме повредиш. Но, најголемата победа е во тоа што собрав храброст да си отидам од тебе.