За баба ми која е во рајот: Ти си причината поради која денес сум силна жена!

Драга бабичке,

Не поминува ден, а да не помислам на тебе. Ти си жената која ме предизвикуваше да бидам најдобра.

Ми недостасуваш.

Многу ми е тешко кога ќе помислам дека твојата душа повеќе не е во твоето тело. Но, од друга знам дека барем не се мачиш повеќе.

Кога растев, гледав како се бориш за твоето здравје... битка по битка. Инфекции, проблеми со срцето, притисокот... А секогаш беше добро расположена. Очигледно беше дека при крајот ти беше многу тешко, особено затоа што зависеше од другите луѓе, но и покрај тоа успеваше да најдеш среќа во малите работи, како и секогаш.

Мир ми дава фактот дека сега си на подобро место, конечно мирна. Но, многу ми недостасуваш. Се ми недостига. Не можам да набројам што се направи за мене, но една од работите на кои ме научи е секогаш да бидам позитивна.

Ти ме научи како да бидам силна.

Ме научи како да сакам некој кој не сака да биде сакан.

Ме научи како да стојам зад своите уверувања за време на сите животни битки.

Ме научи како да се радувам на малите работи во животот.

Ме научи како да се смејам додека врне дожд. Се поминува во животот.

Ме научи како да бидам верна самата на себе.

Знам дека сум пристрасна, но навистина верувам дека ти си најдобрата баба која некогаш постоела на светов. Никој не може да се мери со тебе.

Ти си замина подготвена. Јас секогаш ќе велам дека замина прерано, но знам дека без оглед на тоа кога те изгубивме, секогаш ќе биде прерано.

ЗАСЕКОГАШ ЌЕ ТЕ САКАМ!