Состојки:

200 гр кокос

2 банани

200 гр шеќер во прав

200 гр мелени бисквити

Начин на подготовка:

Испасирајте ги бананите и додајте шеќер во прав. Сè заедно добро измешајте. Ставете 100 гр кокос и мелени бисквити.

Кога ќе добиете изедначена смеса, со раце обликувајте топчиња и извалкајте ги во останатиот кокос.

Уживајте во десертот!