Компанијата најави цена од 2.99 евра за најновата линија, како и за други од најпопуларните правци за да го стимулира воздушниот сообраќај и да отвори повеќе можности од Бугарија. Цената на билетот е во еден правец со вклучени сите даноци и задолжителни такси.

„Oваа цена нема да важи само за линијата до Братислава, а ќе се применува до неколку линии од Софија“, објави Тамара Валонија, директор за комуникации на компанијата додавајќи дека местата се достапни од денеска и можат да бидат резервирани на сајтот на авиопревозникот.

Со новата линија до Братислава, во мрежата на нискотарифниот превозник влегуваат 44 линии, вклучувајќи ја внатрешната поврзаност помеѓу Софија и Варна. До Братислава ќе има летови во понеделник, среда, петок и недела. Од авиопревозникот сметаат дека нивните клиенти ќе имаат корист од новата линија, бидејќи главниот град на Словачка е само на 80 километри од Виена.