Wizz Air ја постави Тамара Валоис како раководител на комуникации

Wizz Air, најголемата ниско-буџетна компанија во Централна и Источна Европа, денес објави дека Тамара Валоис е новиот раководител на комуникации, а одлуката стапува на сила веднаш. Според извештајот на корпоративниот директор Оваин Џонс, Валоис е лоцирана во канцеларијата на компанијата во Будимпешта.

“Тамара беше дел од тимот на комуникации на Wizz Air во изминатите три години и големо задоволство ни е да ја унапредиме на оваа позиција.” Вели Џонс. “Како раководител на внатрешни и надворешни комуникации, Тамара ќе го води тимот на комуникации во кој веќе има стекнато одлична репутација во нашата индустрија и широчината на нејзиното искуство од предходните улоги во FMCG и во автомобилскиот сектор, ќе продолжат да му бидат од корист на тимот.”

Валоис (32) се приклучи на тимот на Wizz Air 2013 како менаџер на корпоративни комуникации, со претходно искуство во маркетинг и комуникации во Colgate-Palmolive, General Motors и Agoda.com. Со нејзината улога таа го заменува Даг Оливер кој се приклучи на WIZZ во 2015 на привремена задача и сега се враќа назад во US.

За Wizz Air: Wizz Air е најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа*, управувајќи со 68 “Airbus A320” и “Airbus A321” авиони и нуди над 420 рути од 25 бази поврзувајќи 124 дестинации низ 39 држави. Во Wizz Air, преку 2.600 авијациски професионалци нудат инзворедна услуга и ниска цена на билетите и го прават Wizz Air подобриот избор за над 20 милиони патници во последните 12 месеци. Wizz Air котира на Лондонската берза под тикер: WIZZ и се вклучени во „FTSE 250“ и „FTSE All – share Indices“.

Wizz Air беа именувани за авиокомпанија со најдобри вредности за 2016та година од страна на „Air Transport Worlf“ (ATW), еден од најголемите мултимедијални предавачи на информации и услуги на глобалниот авиопазар.