Вухан слави победа над коронавирусот по 11 недели поминати во изолација

Градот Вухан беше почетна точка на коронавирусот, според податоците на Светската здравствена организација. Жителите на овој град поминаа околу 76 дена во карантин.

Строгиот карантин во овој град задржи дома околу 11 милиони жители цели 11 недели, а кинеските власти конечно им дозволија на граѓаните слободно да се движат низ градот. Според официјалните податоци, забележани се околу 82.000 заболени од коронавирусот, а умреа повеќе 3.300 луѓе.

Тие вчера, на спектакуларен начин ја прославија победата над овој опасен вирус.