“Winter Apricots: Prilep International Film Festival” претставува филмски фестивал кој по втор пат ќе се одржи во Прилеп на 15-ти и 16-ти декември. Апликациите за учество на фестивалот се завршени и пријавени се 3.278 филмови од 109 земји од 5 континенти, а селекцијата на филмови кои ќе се прикажуваат на фестивалот и кои ќе се натпреваруваат ќе биде соопштена на 20-ти ноември.

Фестивалот се фокусира само на краткометражни филмови до 30 минути, а целта е да прерасне во културен настан кој ќе им понуди малку поинаков фестивал на љубителите на филмот, притоа нудејќи дополнителна програма и преку концерти, работилници и изложби.

Како и првата година, така и оваа, фестивалот се финансира единствено по пат на crowdfunding преку Indiegogo платформата, па доколку сакате и финансиски да го поддржите фестивалот, тоа можете да го направите преку следниов линк: https://www.indiegogo.com/projects/winter-apricots-international-film-festival-2017-movies#/ Сите собрани средства ќе бидат употребени за покривање на трошоците за кино сала, награди, промотивен материјал, како и сместување на учесниците и жирито.

Повеќе информации за фестивалот можете да прочитате на Facebook страната: https://www.facebook.com/winterapricotsfestival