Врската со овој знак е невозможна мисија

Освен што се познати по тоа што се исклучително друштвени, позитивни и слободни во секоја смисла, тие не се баш најдобри за врски. Нив им е важна само една работа – нивната слобода!

Зборуваме за Стрелците!

Поради таа иста слобода, нема многу да ве земаат предвид при своите планови, туку секогаш прво ќе си го гледат својот интерес и ќе гледаат прво да ги задоволат своите потреби. Вашите чувства се помалку битни од нивните, затоа што нивните чувства се секогаш најважни.

Никогаш нема да признаат грешка, а ако вие направите грешка – истата ќе ви ја извадат низ нос. Подготвени се да се врзат, но работите секогаш ги вртат во своја корист.

Овие типови луѓе бараат мудар и тактичен партнери. Тие се ситничари и знаат да се фаќаат и за најмали глупости. По природа се хумани и сакаат да волонтираат и помагаат. Тие сакаат да живеат слободно и со отворено срце и понекогаш нивниот живот им делува мал и неинтересен. Понекогаш гледаат на животот и љубовта како дел од некаква игра. Нивните партнери мораат да имаат широки погледи, да бидат ослободени од љубомора. Тие сакаат нивните партнери да имаат слободна душа.

Со овие луѓе не е тешко да се живее. Но, тие често немаат трпение за нешто што е утврдено по правила, па затоа нивните партнери мораат да ги прошират своите хоризонти, ако сакаат да ги следат во чекор. Нивните страсти се од авантуристичка природа.

Тие се весели сопатници кои љубовта ја доживуваат како среќна околност.

Сите нивните чувства и желби се насочен кон брза и моментална акција.